Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте одлучни да ослабете, успехот на блискиот пријател ќе ви биде најдобра мотивација.
Според истражувањето, во губењето на килограмите најуспешни биле луѓето кои го следеле примерот на сопствените пријатели, кои ги промениле навиките за исхрана.
Во текот на истражувањето испитаниците биле поврзувани со своите примери по пат на социјалните мрежи, било да станувало збор за пријатели или познати личности.
На темел на различните симулации, оние кои себеси си одбрале близок пример биле поуспешни во слабеењето од оние кои ги следеле познатите личности.
Исто така, оние кои ги следеле познатите по некое време ја загубиле мотивацијата, додека другата група луѓе била инспирирана да ги задржи навиките на исхрана.
„Луѓето сакаат да го видат тоа позитивно влијание. Разбирливоста на друштвеното влијание на соработка во здравствените програми може да доведе до подобро осмислени велнес интервенции“, истакна Лора Кавуто од Унивезитетот во Бафало.