Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најновото истражување спроведено на Универзитетот Квинипиек покажува дека „идиот“ е првиот збор кој на луѓето им паѓа на памет кога ќе се спомене новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Универзитетот својата анкета ја спроведе на начин кој на испитаниците им даваше можност сами да го предложат одговорот. Најкористена асоцијација беше „идиот“, а после тоа следеа „неспособен“ и „лажго“.
Резултатот од анкетата покажа дека само 36 насто од испитаниците ги одобруваат одлуките на Трамп, а резултатите се такви делумно заради тоа што Трамп загуби голема поддршка меѓу високообразованите белци во САД, благодарение на кои, пред неколку месеци ги доби изборите.
Истражувањето, исто така, покажа дека 47 насто од гласачите кои немаат завршено високо образование го поддржуваат Трамп, додека 46 проценти од нив не го поддржуваат. Тоа е огромен пад во споредба со анкетата која истиот овој универзитет ја направи на 19 април, а според која, тогаш, 57 насто ја поддржуваа политиката на Доналд.
Според резултатите, 57 насто од испитаниците повеќе им веруваат на медиумите отколку на Трамп, кога станува збор за пренесување на вистината за важните прашања.