Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милионерите се посреќни луѓе од остатокот од луѓето кои имаат просечни примања и тоа не е ниту некој новитет, ниту некој спорен факт. Но, ново е она кое го изнесува како резултат едно истражување кое го објави Business Insider.
Според резултатите од најновото истражување, милионерите се посреќни од оние со просечни примања поради начинот на кој го минуваат слободното време.
Милионерите, за разлика од останатите луѓе, слободното време го минуваат во повеќе активности, а не во гледање на омилени серии, филмови или спиење.
Истражувањето е објавено во Social Psychological and Personality Science, а во него учествувале 800 милионери од Холандија во споредба со 1.200 жители кои имале просечни примања.
Во текот на истражувањето двете групи биле споредувани за тоа како луѓето го минуваат нивното слободно време и времето на работа, но и секојдневните активности како готвење, исхрана, патување до работа, работа, опуштање, хоби и слично.
Заклучокот е дека двете групи минувале приближно исто време во готвење и во шопинг. Милионерите трошеле помалку време за грижа за децата, но од друга страна трошеле повеќе време на домашни обврски. Во една работа многу се разликувале.
Богаташите слободното време го минувале поактивно во вежбање, волонтирање, дружење и слично додека оние со просечни примања попасивно, гледале омилени серии, филмови или едноставно спиеле.
Уште една работа е поразлична, а тоа е автономијата на работа. Милионерите уживале во многу поголема автономија на работното место за разлика од останатите. Тоа значи дека луѓето со поголеми примања повеќе тежнеат кон активно минување на времето, но и кон деловна автономија.