Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Резултатите од социјално-економското истражување направено во Велика Британија покажаа дека мажите чии сопруги имаат 40 проценти поголем приход од нив се под голем стрес. Стресот е особено поголем ако тие финансиски зависат од понежната половина.
Експертите сметаат дека ваквите резултати говорат дека и понатаму постои традиционално уверување дека мажите мораат да заработуваат повеќе од нивните жени, но и дека тоа може да се одрази на нивното здравје.
„Стресот од споменатата причина може да предизвика сериозни физички, ментални, емоционални и социјални проблеми“, смета економистот Џоун Сирда.
Во истражувањето учествувале 6.000 парови, а резултатите покажале дека во браковите во кои жените остваруваат поголем приход по глава во семејството, растат процентите на неверства и разводи.
Истражувањето покажало дека на мажите пред да стапат во брак не им сметало тоа што партнерката заработува повеќе, но поради општествените норми очигледно стануваат поранливи по венчавката.