Истражувачки пресметки: Копањето биткони е поскапо од копањето злато


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според пресметките кои беа разултат на истражувачкиот процес кој го направија Макс Краус и Табет Толејмат во областа на криптовалутите, поскапо е да се „копаат“ битокини отколку да се копа злато, пресметано во поторшена електрична енергија.

Според нивните пресметки, на компјутерите за производство на биткоин во вредност од еден долар им е потребно околу 4.72 kWh, додека за производство на злато од иста вредност е доволно севкупно 1.39 kWh; пренесува порталот „Енаука“. Во оваа потрошувачка не е вклучена периферната потрошувачка на компјутерот, како на пример ладењето.

Овие вредности потоа и споредиле со енергијата која е потребна за производство на бакар и платина во вредност од еден долар, кои трошат вкупно 1.11 kWh односно 1.67 kWh. Како што овие истражувачи наведуваат во списанието Nature Sustainability, сите други криптовалути, бараат далеку помалку енергија од онаа која е потребна за биткоинот.

Сепак, и покрај сите очекувања, потрошувачката при „ископување” на сите криптовалути, вклучувајќи го и биткоинот, всушност е незначителна во однос на алуминиумот, за чие производство од еден долар се потребни дури 33.9 kWh.

Во нивниот извештај, истражувачите исто така пресметале дека “копањето” биткоин за 30 месеци, помеѓу 2016 и 2018 година, доведоа до ослободување на три и 13 милиони тони јаглероден диоксид. Колку за споредба, тоа е количина на CO2 која за 30 месеци ја произведуваат милион автомобили.Сепак, истражувачите напоменуваат дека тоа и натаму е помалку од 0,01% од глобалните емисии.