Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Истражните лица од Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО), со кое раководи обвинителката Вилма Рускоска, денес ја чешлаат финансиската документација на Специјалното јавно обвинителство, во врска со исплатата на бонуси, потврдуваат од СЈО, а пренесува НОВА ТВ.
Акцијата е последица на информациите што протекоа во јавноста од базата „Отворени финансии“ за доделување на поприлични суми на пари за време на самостојниот мандат на СЈО.
Цел на истражителите се договори за доверливост, за исплата на плати, на надоместоци, на бонуси и за вработувања во истрагата за евентуални финансиски злоупотреби. Според „Отворени финансии“, лидер на листата со најголем доделен додаток е специјалната обвинителка, Катица Јанева со 157.000 евра за време на мандатот додека салдото на останатите се движи меѓу 70 и 100.000 евра.
Неколку дена претходно, државниот обвинител Љубомир Јовески за Телма изјави дека тие немале увид во висината на доделните бонуси:
„Исплатата на плати надоместоци е утврдена во законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката ,,Отворени финасии,, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајотот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, изјави Јовески.