Истражителите на СЈО влегоа во медиумската куќа МПМ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истражители на СЈО денеска влегоа во медиумската куќа Медиа Принт Македонија (МПМ), сопственик на весниците Дневник, Вест, Утрински весник и магазинот Теа модерна и Македонски спорт, потврдија од СЈО за СакамДаКажам.мк.

Во СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

Вчера, Интернет инвестмент груп и Орка Холдинг соопштија дека ги продале своите удели во ГЦС за номинална вредност, но не кажаа кој е новиот сопственик. Управител на МПМ е Јана Станисављева.

Новинарите и медиумските работници во Дневник, Утрински весник и Вест денеска стапија во штрајк, поради доцнење на платите и хонорарите.

На 29 август лани на распит во СЈО беше повикан и дојде и Камчев, но СЈО и тогаш не кажа во кое својство и за кој случај тој бил повикан.

На нашето прашање дали и денешното влегување во МПМ е поврзано со тој случај, СЈО одби да коментира.