Истрагата за „Рекет“ се проширува со четири нови осомничени лица


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првиот човек на Јавното обвинтелство, Љубомир Јовески, најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата.

Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба, пренесува Телма.

Според него истрагата се проширува со четири физички лица и едно правно, обивнителството ќе побара притвор за едно од нив а превентивни мерки за останатите.

Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.