Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истрагата на ФБИ покажа дека американскиот актер Алек Болдвин го повлекол чкрапалото од пиштолот што ја уби камерманката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Rust“, што покажува дека актерот дал лажни изјави во врска со овој случај.
Иако извештајот ја окарактеризира смртта на камерманката како „несреќен случај“, новата истрага на ФБИ покажа дека куршумите не можеле да бидат испукани без физички контакт, што фрла сомнеж врз тврдењата на актерот Болдвин.
Смртта настапила од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи на органите за спроведување на законот не покажа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето, се вели во извештајот.