Истрагата открива: Еве кој го срушил малезискиот патнички авион во 2014 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓународната истрага која беше спроведена за откривање на причините за падот и катастрофата на малезискиот патнички авион во чие срушување загинаа сите патници и екипажот, откри поради што се случи оваа трагедија.

Меѓународен тим на истражители соопшти денеска дека по „деталната анализа на видео снимката“ е потврдено дека руската војска со ракетниот систем „Бук“ го погодила авионот на Малезија ерлајнс во 2014 година.

Вилберт Полисен од холандската полиција на презентацијата на резултатите од истрагата изјави дека авионот бил соборен од ракета на 53 противвоздушна бригада на руската војска со седиште во рускиот град Курск.

Инаку малезискиот патнички авион на 17 јули леташе од Амстердам кон Куала Лумпур кога беше соборен над територијата на Украина. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа при досега не разјаснетото паѓање на авионот.

Русија во повеќе наврати негираше било каква вмешаност во соборувањето на патничкиот авион и за тоа ја обвини Украина и нејзиното воено воздухопловство.