Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Истрагата на турските истражни органи докажа дека телото на убиениот новинар Џамал Кашоги било расцепкано на парчиња, а потоа растопено во киселина, изјави советникот на турскиот претседател Ердоган.
„Во овој степен на истрагата утврдивме дека не се задоволиле со тоа што го исекле телото на парчиња, туку се ослободиле од телото со разградување”, вели Јасин Актај.
Пред точно еден месец Кашоги влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка и не излегол. Во конзулатот го пречекала група од 15 убијци од Саудиска Арабија, кои го задавиле, а потоа му го распарчиле трлото. Ријад уапси 18 лица, а Турција бара нивна екстрадиција.
Убијците истиот ден дошле во Турција и по неколку часа од убиството, се вратиле во Саудиска Арабија.