Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бразилските и Колумбиските експерти започна истрага за да ја утврдат причинита која доведе до уривање на боливискиот авион во близина на Меделин.
Во истрагата се вклучени и Британски експерти а Колумбиските власти се надеваат дека црните кутии ќе откријат дали несреќата се случила поради технички проблеми или леталото останало без гориво.
Ги пронајдовме двете црни кутии и истражители го прегледа целиот терен. Побаравме помош од Бразилски и Боливиски авиоексперти. Наскоро ќе знаеме што точно се случило, изјави Хорхе Едуардо Рохас, министер за транспорт на Колумбија
Неколку локални медиуми денеска објавија дека пилотот намерно ги испразнил резервоарите кога му станало јасно дека авионот ќе се урне и дека пред да почне да паѓа, авионт направил неколку круга околу местото на кое подоцна се урнал.
Илјадници навивачи облечени во зелено и бело се собраа на стадионот на Чапекоенсе во јужниот дел на Бразил. Заедно со семејствата на загинатите ја пееја химната на клубот и ги извикуваа поединечно имињата на играчите кои загинаа во авионската несреќа.
Срцето ми е скршено. Многу ми е тешко во моментов. Никогаш не верував дека ќе ми се случи ова. Се уште не можам да се соземам.
Ова е тажен момент за сите нас. Се уште сум во шок од она што се случи. Бараме помош од господ за продолжиме со нашите животи и да го надминеме овој многу тежок момент.
При падот на авионот во кој се наоѓаа фудбалери на бразилскиот клуб Чапекоенсе загинаа 71 лице, а шестмина преживеаа. Од нив тројца се фудбалери, еден е спортски новинар, а двајца се членови на екипажот. Иако се тврдеше дека во авионот има 81 патник, сепак четворица воопшто не се качиле на летот.