Истрага „Моќник“: Милошоски и татко му осомничени за продажба на имот во Македонски Брод


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СЈО отвори истрага наречена „Моќник“, која се однесува на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко.

Истрагата во случајот „Моќник“ се води против 13 лица, поради сомневање дека нанеле штета на државниот буџет од околу 50.000 евра. Како што информираше на денешната прес-конференција обвинителката Фатиме Фетаи, покрај пратеникот, осомничени се и неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод, пренесува „Макфакс“.

Второосомничениот, односно таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во село Ижиште, во општина Македонски Брод, за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината предложил да му се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Според СЈО, огласот не бил објавен во „Службен весник“. На тој начин, како понудувач се појавил само таткото на Милошоски, кој го купил објектот за 1.795.800 денари, или само 670 денари повеќе од почетната цена. Тој успеал да го купи и земјиштето за 100 денари по квадратен метар, иако таму цената била по 400 денари за квадратен метар.