Историска женска прошетка во вселената


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американските астронаутки Кристина Кох и Џесика Меир вчера направија историски потфат и се запишаа во историјата како првите жени кои излегоа од Меѓународната вселенска станица (ИСС) во првата само женска вселенска прошетка.

Мошне очекуваниот потфат на НАСА се состои во релативно рутинска мисија за размена на неисправни батерии на надворешниот дел на станицата.

Кох и Меир, облечени во бели вселенски костуми и врзани со канапи за станицата, која се наоѓа на околу 408 километри над Земјата, зачекорија во вселената за да заменат неисправна единица за напојување, соопшти НАСА пренесувајќи го потфатот во живо.

Мисијата следува по првиот обид за комплетно женска прошетка во март, кој беше откажан затоа што големината на еден од астронаутските костуми не одговараше за патувањето.

Меир рече дека таа и Кох не можат да си ги припишат сите заслуги за постигнувањето, истакнувајќи ја „долгата низа“ други жени што го поплочиле патот пред нив.

„Имаше многу други женски прошетки пред нас. Ова е само прв пат две жени да се надвор во исто време“, рече таа. „За нас ова е навистина само вршење на работата“.

Астронаутите на вселенската станица, која профункционира во 2000 година, имаат извршено 221 вселенска прошетка, од кои во 43 имало жени астронаути, пренесува НАСА.