Home Спорт Историска шампионска титула за Денвер – Јокиќ за прв пат ги искачи Нагетс на тронот од НБА

Историска шампионска титула за Денвер – Јокиќ за прв пат ги искачи Нагетс на тронот од НБА

Денвер Нагетс ја слави својата историска, прва НБА титула откако во петтиот натпревар го победија Мајами со 94-89 и ја добија финалната серија со 4-1, Никола Јокиќ беше прогласен за МВП во финалето, Србинот имаше уште една брилијантна партија.

Никола Јокиќ и неговите соиграчи се новите НБА шампиони, предводени од маестралниот српски центар, Денвер се прошета во плејофот и дојде до најголемиот трофеј.

Мајами даде сѐ од себе за барем да им го одложи славјето, водеше во најголемиот дел од мечот, но потклекна во последниот период и не успеа да го продолжи финалето.

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, единствената двоцифрена предност ја имаше Мајами во текот на втората четвртина кога поведе со 39-29. Драматично беше во самиот финиш, „жешките“ имаа предност од 89-88 и тогаш застанаа, следуваше серија од 5-0 за Денвер по која дојдоа до триумфот од 94-89.

Никола Јокиќ со 28 поени и 16 скокови беше најдобар на теренот, во Денвер се истакна и Портер со 16 поени и 13 скокови, Мареј постигна 14 поени. Во составот на Мајами најефикасен беше Батлер со 21 поени, Адебајо имаше 20 поени и 12 скокови.

Никола Јокиќ ја доби наградата за МВП во финалната серија, ново признание на Србинот кој беше неверојатен во текот на целиот плејоф и најзаслужен за овој историски успех на Денвер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…