Историска прва снимка од процесот на спојување и раздвојување на атоми


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тим од германски и британски научници успеаја да направат историски потфат и за прв пат да го снимат процесот на спојувања и раздвојувања на атоми, кој се одвива во размер што е 500.000 пати помал од дијаметарот на човечко влакно.

Користејќи ги „напредните методи на микроскопија“, физичарите и хемичарите од универзитетот „Улм“ во Германија и универзитетот Нотингем во Велика Британија беа во можност да го снимат врзувањето, а потоа и раздвојувањето на два атоми со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесува Скај њуз.

За да го постигнат ова, тие користеле микроскоп за електронски трансмисија (ТЕМ) за да набљудуваат многу тенок примерок преку тенок зрак на високо-енергетски електрони. Јаглеродните наноцевки, тенки шупливи јаглеродни цевки, биле користени за да се фатат атомите и молекулите и да се позиционираат таму каде што е потребно.

„Заробивме неколку атоми на рениум (Re) кои се здружија за да се формира Re2. Бидејќи раниумот има голем атомски број, полесно е да го видиме со ТЕМ отколку полесните елементи, така што би можеле да го идентификуваме секој атом на тој метал како темна точка”, рече хемичарот Андреј Хлобистов од Универзитетот во Нотингем.

Рениумот е инаку еден од најретките елементи во природата. Тој е со сребрено бела боја, сјаен и многу тврд метал со голема густина и голема точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото, може да се види како двата атоми на рениумот се спојуваат едни со други, а потоа се движат и вибрираат, пред да се разделат и да се скршат.

„Колку што знаеме, ова е прв пат да се забележи развој, формирање и раздвојување на атомска врска. Веруваме дека некогаш во иднината, електронската микроскопија би можела да стане вообичаено прифатена метода за проучување на хемиските реакции”, рече Хлобистов.