Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска истекува 24 часовнот ултиматум што земјоделците им го дадоа на министерот за финансии Кирил Миноски и министерот за земјоделство Михаил Цветков да ги повикаат на средба.
Од вчерашните протести земјоделците порачаа дека доколку денеска не добијат потврда од надлежните и не се одржи бараната средба до петок најдоцна, излегуваат на масовни протести.
Вчера дел од земјоделските здруженија излегоа на протести со блокада на неколку патни правци во земјава, а се протестираше и пред Министерството за земјоделство.
Откако министерот Цветков причината за стопираната исплата ја лоцираше во министерството за финансии, со соопштение излезе и министерот Миноски кој посочи дека проблемот е во законските одредби од кривичниот законик.