Истекува рокот за тужби до Управниот суд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рокот за поднесување тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври истекува денеска во 11 часот.

Управниот суд по тужбите, доколку ги има, треба да донесе одлука 48 часа од нивното поднесување.

До синоќа до 21 часот ниту една партија немаше поднесено тужба до Управниот суд. ВМРО- ДПМНЕ имаше најмногу приговори. Освен најголемата опозициска партија, по еден приговор до ДИК поднесоа ТМРО, Левица и „Алијанса за Албанците“.