Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помалите фирми и оние кои имаат финансиски проблеми се уште не исплатиле регрес за годишен одмор, популарниот К-15 имаат уште петнаесетина дена време за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети со вкупна глоба од околу 4.000 евра.
Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додатокот К15 изнесува 8.500 денари.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнуваат неколку услови, главно фирмата да има потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско – финансиска состојба.
И од Сојузот на синдикати на Македонија потсети дека до крајот на годината во приватниот сектор треба да се исплати регресот за годишен одмор односно К-15.
Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013 година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи.