Истекува првиот рок за обвиненија од СЈО


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска истекува првиот рок во кој СЈО може да поднесува обвиненија за 34 предмети што ги презеде од државното јавно обвинителство на Марко Зврлевски.

СЈО веќе поднесе обвиненија за случајот за нарачаните шамари за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски од страна на екс премиерот Никола Груевски и демолирањето на општината во нарачаните протести, како и случајот „Транспортер“ против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за превоз на ученици во градот.

Од предметите преземени од ОЈО, оформени се и предметите „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011, случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос на Фијат Цаноски и за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

Рокот за поднесување обвиненија по прислушуваните разговори што ги предаде СДСМ, рокот истекува на 30 јуни.

Од СЈО во повеќе наврати побараа продолжување на рокот. За продолжување на рокот се залага и новата власт и партите од парламентарното мнозинство, но, согласно законот, за промени потребно е двотретинско мнозинство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека нема да поддржат никакво продолжување на рокот, бидејќи сметаат дека СЈО води политички хајки против нив.

Една од опциите која се споменува во јавноста по промената на власта е интегрирање на СЈО во ОЈО. Новиот премиер Зоран Заев веќе повика државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да си даде оставка, или ќе започне постапка за негова смена.