Истражувањата покажуваат: Од овие женски квалитети е „ИСПЛАШЕН“ секој маж!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога мажите би ги прашале кои женски квалитети, освен физичките, ги оценуваат како најпривлечни, сигурно би добиле различни одговори. Она што е пофално е дека ги привлекуваат паметни жени, и поголемиот дел од мажите не гледаат пречка доколку нивната партнерка е попаметна од нив.

Меѓутоа, различни истражувања покажуваат дека доколку жената во исто време е паметна и амбициозна, едноставно е многу тешко покрај неа мажот да се чувствува сигурно и мажествено.

Едно истражување од Харвард, покажа дека многу жени се свесни за тоа и дека неретко поради тоа ги ставаат своите желби и цели во втор план.

Интересно е што мажите нема да замерат за амбициозноста едни на други, но кога е во прашањее жената, тоа е еден од квалитетите, кои ќе ги исплаши. Експертите велат дека одговорот се крие во силно развиеното машко его.

Жените кои се исклучително способни и имаат самодоврба, нема и никогаш не би требало да откажат од своите амбиции, тоа е порака за секој од вас. Жената мора да ги истражи и изрази своите способности, и нема потреба да се крие од патот на машкото его.