Истанбул: Со солзавец против маршот на жените


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мирни демонстрации по повод Денот на жената во Истанбул беа запрени со употреба на насилство. Интервенцијата на полицијата дојде неочекувано, јавува Дојче Веле.

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец стопираше собир по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња, јави агенцијата АФП. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.

Ваквата полициска интервенција дојде неочекувано, и покрај тоа што учесниците немале дозвола за одржување на собирот. Во текот на изминатите години властите дозволуваа одржување на маршеви за права на жените и против насилство од страна на мажите, дури и за време на вонредната состојба по обидот за пуч во 2016 година.

Најголемиот марш по повод Денот на женатавобичаено се одржува на најважната шопинг-улица во Истанбул. Оваа година, непосредно пред одржувањето на маршот, властите го забранија собирот на улицата Истиклал. Сепак, илјадници жени и покрај забраната се собраа за да протестираат за своите права и против насилство. Околината беше полна со полицајци, кои поставија барикади околу плоштадот Таксим.

Главно женските демонстранти извесно време пееја и танцуваа пред бариерите и со мегафони бараа да им биде дозволено да ги поминат. „Ова е систем, ова е држава која се плаши од нас“, извикуваше една жена. На илјадниците демонстранти потоа им беше дозволено да протестираат на мал дел од улицата. Потоа демонстрантите беа заглавени помеѓу две полициски блокади и постепено разбиени со солзавец.

Остатокот од веста прочитајте ја на Дојче Веле: