Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ, момчето кое во средата наутро изврши масакр што ја разгневи Србија и ќе остави лузна во срцето на целата земја, го потресе целиот регион.
Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, на Врачар, вчера во 8 часот и 40 минути се слушнало страшно пукање. Тоа беше почеток на злосторството што ја остави целата нација, но и Балканот, без зборови.
Ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ нешто по 8 часот и 30 минути влегол во училиштето и од ранецот извадил пиштол.
„Околу 08:40 часот итна помош повикала Иванка Јовановиќ, помошник-директор на училиштето… Таа пријавила дека во училиштето влегло дете со огнено оружје и пукало“, изјави Веселин Милиќ, началник на белградската полиција.
Момчето прво го вперило оружјето кон обезбедувањето Драган Влаховиќ и испукало дури 14 истрели во него.
И тој не застана тука. Крвавиот пир всушност, само што започнал. Со оружје во рака се упатил кон училишната сала и продолжил да пука во две девојчиња. Низ салата одекнуваа истрели, а потоа Коста влезе во училницата каде се одржувал час по историја. Потоа повторно се слушнале грозоморните звуци – момчето почнало да пука во учителката, а потоа се свртело кон другарите. Започна нова серија на пукања.
Тој испукал вкупно 57 куршуми кон учениците и училишниот чувар.
Потоа, додека неговите врсници врескале, Коста го напуштил училиштето и, според медиумите, го ставил пиштолот до него, на скалите во училишниот двор. Веднаш повикал полиција во 8 часот и 42 минути и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ, застрелав неколку луѓе“. Кога дошла полицијата, тој не дал отпор при апсењето.
Билансот на неговата крвава кампања беше страшен – најстрашниот во историјата на српското образование. Убил осум деца, од кои седум девојчиња и едно момче. Загина и чуварот. Тој ранил шест деца и една наставничка, кои итно биле пренесени во Ургентниот центар и Универзитетската детска клиника во Тиршова.
Едно девојче е тешко повредено. Таа се здобила со повреди на главата и веднаш била оперирана, но состојбата и понатаму е критична.
Момчето, како што изјави началникот Милиќ, на рочиштето изјавило дека е „психопат кој треба да се смири“.
Тој додаде дека момчето рекло дека по злосторството го обземало страв, паника и чудно дишење и оти сметал дека е правилно да повика полиција и да го пријави настанот.
Коста поминал еден месец во стан во центарот на Белград правејќи детален план. Неговата одлука не беше избрзана, ниту непромислена. Полицијата го пронашла неговиот ракопис на две хартии – скица и листа. Список со имињата на децата кои планирал да ги ликвидира. Од нив 15. И скица – слична на видео игра, според која дизајнирал сè. Тој наводно го избрал 3 мај бидејќи знаел дека училиштето ќе биде полно.
Во училиште однел четири молотови коктели, а како што изјавил во полиција, планирал да ги искористи за да ги спречи да му се приближат. Оружјето го зел од татко му, кој набрзо бил приведен, исто како и мајката на момчето. Таткото потоа бил задржан до 48 часа. Се сомнева дека токму тој го однел на стрелиштето и го научил да пука.
„Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружје кое очигледно несоодветно го чувал и складирал, иако ги имал сите потребни дозволи“, изјави на прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ.
По масакрот, Коста бил сослушан, а потоа префрлен на специјално одделение за невропсихијатрија каде ќе биде набљудуван.
И покрај страшното злосторство што ќе го паметат генерации во Србија, Коста Кечмановиќ нема да биде кривично гонет. Односно, тој нема да одговара за делото бидејќи уште нема 14 години.
Но, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на таткото на ова момче В.К.(48) му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. За тоа му се заканува затворска казна од две до 12 години.
Потресни сцени се снимени пред училиштето каде вчера се случи невидено злосторство. Свеќи за невини деца и сакан чувар. Плишани играчки. Цвеќиња. И солзи.
На Цветни трг се одржа собир за поддршка на семејствата на убиените деца, на кој се собраа огромен број луѓе за да изразат сочувство и жалење за трагедијата која никогаш не смее да се повтори, макар и на овој начин.