Испукал куршум додека францускиот претседател Оланд држел говор (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Снајперист на француската полиција случајно испукал еден куршум и ранил две лица додека францускиот претседател Франсоа Оланд, свечено отворал железничка пруга во западна Франција, објавија француските медиуми.

Инцидентот се случил во моментот кога Оланд држи говор, а на снимката јасно се слуша кога е испукан куршумот, но не дојде до паника.

Оланд кусо застана со говорот и рече: „Се надевам дека не е ништо озбилно. Мислам дека не е“.

Во несреќата се повредени две лица, келнер и еден од вработените во компанијата за одржување на железничката пруга. Снајперистот кој случајно го испукал куршумот бил сместен на покривот на блиската зграда, на 100 метри од бината на која говорел Оланд.

Локалните медиуми јавуваат дека до тоа дошло затоа што сигурносната кочница на снајперската пушка останала откочена. Куршумот двајцата повредени ги погодил во нозете.

Веднаш после инцидентот е отворена истрага.