Вебкафе

Исповед на жени кои работат на јахти од богаташи: За 3500 евра поминуваме низ пеколот!

Сара Бегби и Бетани Силкос со години работеле како послуга на јахтите од богаташите, а во овој момент решија да прозборат за своите искуства.

Тие послужувале деловни луѓе и членови на кралските семејства, па имале прилики да бидат во друштво со богаташи и патувале на егзотични локации.

„На нозе бев од 6 наутро, па следните 16 до 18 часа, а во тоа време седнував само неколку минути. секако ако имав среќа да се случи тоа“, вели Сара која спиела во толку мал простор што на прв поглед наликува на затворска келија.

Без разлика на условите, дневни трошоци скоро немала, па месечно и останувале околу 2500 евра.

Тоа малку слободно време го уживала во хотели со пет ѕвезди и јадела во најдобрите ресторани, а за тоа се самата си плаќала.

„Во една прилика добив Армани часовник, а сите трошоци во ресторанот беа платени“ се присети Сара на една ретка ситуација во која си поминала убаво.

A post shared by Sarah Begbie (@sbegbie) on

Другата девојка, Бетани, како дел од послугата на бродот работела три години после завршувањето на факултетот. За неа тоа било едно одлично искуство. На нозе најмногу поминала 25 часа во континуитет, а копното не допрела најмногу 40 дена.

„Ретко имав време за ручек, па генерално јадев нешто успат“ рече Бетани.
Месечно заработувала околу 3500 евра со сите платени трошоци, повратна карта и 60 дена платен одмор.

Работејќи на јахта имала прилика да го запознае Вил Смит, принцот Алберт од Монако, Антонио Бандерас и многу други.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top