Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Го сакав 6 години. 6 години го жртвував сопственото семејство, пријателите, а понекогаш и сама себе. Имаше свои мани и грешеше, но и понатаму верував дека во него има многу добрина. Ми беше најдобар пријател во средно, моја љубов. Но да, во тоа е и работата, „мислев“ дека е ..
И не мислам дека го изгубив затоа што тебе те посакуваше повеќе од мене. Изгубив затоа што му верував и му простував многу пати. Се сеќавам дека често пати размислував за тоа како да прекинам пред да ме повреди, бидејќи чувствував дека се повеќе и повеќе го сакам.
Сфатив дека во оној момент кога ми докажува дека е тој во право, ми се наруѓува самодовербата. Сфаќав дека во оние моменти кога беше фрустриран морав и сама нешто да направам, затоа што не сфаќаше дека за некои работи е потребна помош. Сфаќав и кога ме навредуваше штом имаше лош ден и цел бес го истураше на мене.
Шест години му служев како вреќа за емоционално удирање, но како што мине времето станувам се поцврста. Полека се прилагодувам на осамениот живот, а морам да признаам дека е многу помирен и посреќен. Повторно ја обновив врската со пријателките кои ми недостигаа и повеќе време поминувам со своето семејство. Можам да работам што сакам и како сакам.
Ужасно ме боли што те одбрав тебе, а не мене, но со самото тоа ми се поправи животот. Поради тебе сега можам мирно да спијам, без оној глас кој ми зборува дека не вредам. Иако се уште боли, на добар пат сум. Она што е најважно го најдов, а тоа е мирот кој долго го барав.
Никогаш не би го менувала овој мир кој го имам,а Бог едноставно сакаше на време да дознаам што си ти. Знам дека Бог за мене има некој подобар, некој кој е сличен на мене и некој кој ќе може да ме сака повеќе од што се сакам самата себе“