Исплатена половина плата: Одлука за штрајкот во МЖ ќе се донесе утре


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Исплатена е половина од платата за јануари на вработените во Македонски железници и ветено е дека вториот дел ќе биде исплатен следната недела.

Ова попладнево го изјави претставникот на иницијативниот одбор за протестот во Железницата Ѓоко Илиески. Тој информираше и дека иако е исплатена половина плата, се уште нема промена во одлуката за протестот.

Информација за следните чекори, односно дали вработените ќе се вратат на работа или ќе продолжат со двонеделниот штрајк, Илиески најави за утре.