Испишување историја: Научниците ја направија првата фотографија на „црна дупка“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За прв пат во историјата на астрономијата, со помош на телескопот Event Horizon, научниците ја направија и објавија првата неверојатната фотографија на црната дупка во вселената. Со ова се испишува нова историја во истражувањето на вселената.

Иако различни реконструкции и визуелизации можеа да се видат во многу филмновим, за прв пат денеска се гледа овој вселенски феномен. Причината поради која ен можеше до сега да се сними црната дупка е прозаична- црните дупки се невидливи. Нивната гравитација е толку силна што ништо во нивото поле не може да им избега. Затоа научниците сметаат дека успехот е уште поголем . По двегодишна работа и итра идеја како да ги фатат контурите на црната дупка, тие го снимија нејзиниот хоризонт на случувања.

„Гасот што паѓа кон црната дупка се загрева на повеќе од милијарда степени , поради што хоризонтот на настаните е видлив како силуета , чија големина и облик е одредена со Ајнштајновата теорија”, објаснуваат од ЕHТ.

Научниците претставија светлосно зрачење на материја што кружи со огромна брзина по работ на хоризонтот околу мрачното подрачје што е всушност црната дупка.

Аастрономите се решија да снимаат две најпознати црни дупки во нашата вселена. Ја снимаа Сагитариус А и уште една во галаксијата М87.

Сагитариус А се наоѓа во средиштето на Млечниот пат и има 4,3 милиони пати поголема маса од Сонцето и е оддалечена 25 000 светлосни години од Земјата.

Другата црна дупка М87 се наоѓа во средиштето на соѕвездието Девица. Станува збор за една од најголемите црни дупки. Нејзината маса е за 6 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето , а самата галаксија е оддалечена од Земјата 50 милиони светлосни години.

Прва научниците ја објавија фотографијата на црната дупка М87.