Испиша нова страница во германскиот фудбал: Таа е првата судијка во Бундеслигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бибијана Штајнхаус влезе во фудбалската историја на Германија како првата жена која ја делела правдата на еден натпревар од најквалитетното фудбалско првенство во Германија, а и во најдобрите европски лиги.

Таа вчера беше арбитар дуелот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин меѓу Херта и Вердер кој заврши нерешено 1:1.

Истовремено Бибијана Штајнхаус е првата жена која судела во некои од ТОП 5 лигите во Европа (Германија, Англија, Шпанија, Италија и Франција).

Штајнхаус, која има 38 години, по професија е полицаец. Правдата на фудбалските терени ја дели од 2007 година, а најважни натпревари на кои има судено во кариерата се овогодишното финале во женската Лига на шампиони и финалето на женскиот турнир на ЛОИ 2012 година.