Advertisements
Спорт

Исланд го чека „пекол“ во Скопје: Македонија за заверка на пласманот на ЕП 2020

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот по втор пат излегува против репрезентацијата на Исланд. во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија триумфираше против Исланд во Рејкјавик со 34:33 во првиот дуел и е на чело на табелата во третата група. Денес на домашен терен Македонија треба да ја искористи предноста и со победа да биде на чекор од ЕП 2020.

Вечерва репрезентацијата ќе истрча со две промени, на местото на Бојан Маџовски, на левата крилна позиција селекторот Данило Брестовац го постави Димитар Димитриоски, а на десната бековска позиција на местото на Томислав Јагуриновски е повикан Мартин Серафимов.

Две промени направи и гостинскиот селектор, Гудмундур Гудмундсон. Тие допатуваа во Скопје со нови двајца голмани за разлика од мечот во средата. Во Исланд останаа Арон Едвардсон и Бјоргвин Густафсон, а место во тимот добија Виктор Гисли и Агуст Бјоргвинсон.

Она што е сигурно е пеколната атмосфера што ги чека Исланѓаните вечерва во салата „Борис Трајковски“. Билетите за мечот се распродадени од петокот, па навивачите ќе бидат осми соиграч и треба да им дадат „крилја“ на нашите ракометари.

Advertisements

Најпопуларно

To Top