Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Елитните ирачки единици се соочуваат со жесток отпор од џихадистите во Мосул, градот кој повеќе од две години беше под контрола на Исламската држава и во кој вчера за првпат влегоа ирачките сили.
Командантот на единицата за борба против тероризмот Мунтатар Салем за АФП изјави дека ирачките сили напредуваат и моментално се борат во источниот дел на градот.
Борците на исламската држава возвраќаат со бомби и артилерија. Портпаролот на меѓународната воена коалиција во Ирак американскиот полковник Џон Доријан изјави дека бунтовниците ја губат контролата кај следбениците во Мосул.
Портпаролката на ОН за човекови права Равина Шамдасани иајви дека екстремистите во околината на упориштето убиле стотици луѓе, меѓу кои и 50 дезертери и 180 бивши владини службеници.