Искршен автомобилот на аналитичарот Љупчо Ристовски: Се сомнева во притисок од власта!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Искршен е автомобилот на аналитичарот и професор Љупчо Ристовски кој е актуелен по прашањето за името, при што јавно предупреди дека на „Македонија и се спрема пластична операција“ (прочитајте повеќе ОВДЕ).

Тој на неговиот Фејсбук профил откри дека неговиот автомобил е со искршени стакла и јавно запраша кој стои поради тоа. Во прилог целиот статус:


Од утрово рано…порака од власта или…да не грешам душа?

Симптоматично е што истово ми се има случено за време на изборите 1994 година, кога бев кандидат за пратеник од Демократската партија во ИЕ 105 (мнозински) и кога на 28 години бев петти по број на освоени гласови од цела опозиција во првиот круг (вториот се откажа партијата од понатамошно учество). Тогаш ми беа искршени и панорамските стакла на деловен простор и на автомобилот. И тогаш СДСМ беше на власт…Коинциденција … или се’ тече само СДСМ не ги менува методите на притисок?

И пак ќе речам…АМАНДМАНСКАТА ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА УВИД НА ЈАВНОСТА!…И уште нешто плус: Во договорот со Грција стои усвојување на амандманските измени “ВО ЦЕЛОСТ“…значи така како што се однапред договорени, без да се промени ниту точка ниту запирка во нив. Ова ми кажува дека е можно “ВЕЛЕПРЕДАВСТВО“, но и за ова да не грешам душа…затоа нека ги ОБЈАВАТ ОДМА! Нивната објава или ќе го оправда бојкотот или ќе го оправда референдумот…

ПОВРЗАНО: Љупчо Ристовски: И се спрема „пластична операција“ на Македонија, Владата да објави се` пред референдумот!