Home Актуелно Искршен автомобилот Марија Митева – портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

Искршен автомобилот Марија Митева – портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, Марија Митева, на Фејсбук објави дека утринава својот автомобил го затекнала оштетен.

„Понеделничкото утро мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано“, пишува во објавата на Фејсбук на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева објави и фотографии на кои се гледа искршеното задно ветробранско стакло на автомобилот.

Во објавата на Фејсбук, Митева пишува дека со ваквиот чин некој се обидува да ги заплаши неа и партијата, зашто, како што вели, „знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“. Но, наместо заплашување, таа вели дека ваквите потези предизвикуваат уште поголема храброст кај неа и кај ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да нè заплашуваат и нас. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100 проценти уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, пишува Митева на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…