Искри меѓу Заев и Силјановска Давкова


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако премиерот Зоран Заев за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е спротивност од нормите на концептот за едно општество за сите, Гордана Силјановска Давкова му возврати на Заев преку нејзиниот Фејсбук профил.

„На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе, а никој не презема политичка одговорност за трагедијата“, напиша Силјановска.