Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во општеството, генерално, на сексот се гледа како на интимна активност помеѓу двајца луѓе, па за некои едноставно е непоимливо како некој може легално да заработува како сексуален работник или работничка. Токму затоа, една таква сексуална работничка во легален бордел, за She Knows, откри колку оваа работа го сменила нејзиниот живот и што значи да се биде сексуална работничка.
„Замислете, да стоите во ред, рамо до рамо, со 20 неверојатно убави жени, а сите се натпреварувате да ве одбере еден маж. Стресно, нели? Сега замислете дека тоа го работите 12 до 14 часа дневно, пет дена во неделата. На кратко, таа е мојата работа.
Јас сум најплатената легална сексуална работничка, не само во Moonlite Bunny ранчот, туку на територија на САД. Во текот на последните две години научив низ кариерата научив непроценливи лекции за себе, но и за мажите, како и за тоа како ние, како општество, гледаме на сексуалната работа.
Не се врти сè околу сексот
Се прашувате како е да се биде сексуална работничка? Во тоа спаѓаат безброј часови поминати на маникир, кои никогаш нема да ги вратам назад, 2.500 долари годишно потрошени на кондоми и лубриканти. Оваа работа стигматизира, понижува, тешка е, но е нешто најдобро што ми се случило во животот.
Мојата работа е слична на онаа од некој психолог, сексуална терапевтка и експерт за врски – во едно. Во слободното време учам за човечката сексуалност, психологија и социологија преку книги, предавања и видео материјали на интернет. Всушност, од сè што ќе ми дојде при рака. Тој корпус на знаење стана важен дел од мојот живот кога барав како да се движам низ општеството.
Поминувам интимно време со мажи, парови, жени, разведени, девици, фетишисти и вдовци. Сексуалните работници не работат само со еден вид на карактер и личности, што значи дека оваа работа не ја работи само еден тип на личност. Моите колешки се дами во пензија, студентки, мајки, идни лекарки и многу други. Ние сме неверојатно разновидна група дами со една заедничка карактеристика – страст за интимност.
Најважна е сигурноста и согласноста
Техничките детали на мојата работа, во суштина, се фасцинантни: Сексот како работа е легален единствено во Невада и само во посебно лиценцирани бордели. Вработени сме како самостојни претприемачки, што значи дека сами си ги одредуваме правилата. Можеме да одбиеме било кого и не мора да се согласиме на некои одредени активности ако не го сакаме тоа.
Во Невада од огромна важност е сигурноста и согласноста. На пример, до нас можете да стигнете преку електрична ограда, бидејќи внимаваме кој влегува и излегува, а така ги спречуваме и малолетниците да влезат внатре. Во собите имаме систем за комуникација за вонредни ситуации, вклучително и копче за паника. Но, тоа ретко се користи.
Секоја недела одиме кај приватен лекар на тестирање за полови болести, бидејќи мора да сме целосно здрави. Освен тоа, еднаш годишно мора да ја ажурираме дозволата за работа кај локалните управители.
Денот го започнувам во седум наутро и вежбам околу еден час. Фитнесот и здравјето ми се многу важни и на лично и на професионално ниво. После вежбањето следи туширање и дневен ритуал за шминкање, или како што јас го викам – ставање воени бои.
Додека нанесувам маскара, размислувам за претстојниот ден. Имам ли закажано состанок? Кои цели сакам да ги исполнам? Тој внатрешен дијалог ми трае околу 10 минути, додека возам до работното место.
Сите работиме во тим
Секоја дама има свој апартман кој го украсува според свој вкус. Во својата обавезно морам да имам апарат за кафе. Кога ќе се огласи ѕвончето, гостите доаѓаат на бирање. Стоиме една до друга, го кажуваме своето име и се смешкаме цело време. Никако не смееме да правиме непристојни потези, бидејќи тоа е непристојно кон другите девојки.
Гостите тогаш бираат девојка која сакаат таа да ги води во разгледување на куќата, ана крајот завршуваат во нејзиниот апартман. Потоа следат преговори, но мразам да го велам тој збор, бидејќи всушност станува за разговор. Се разговара околу активностите кои клиентот сака да ги проба, фантазиите и посакуваните искуства, па се одредува и конечната цена.
Благајничките се многу важен дел од тимот. Таа води сметка за парите, внимава на нашето време и не известува кога треба да завршиме. Дефинитивно сум дел од тим кој е многу повеќе од бордел. Сите заедно соработуваме за да водиме убав и легален бордел во Невада.
Во суштина, продавам интимност
Можеби мислите дека во мојата работа сè се врти околу сексот, но тоа е далеку од вистината. Сексот се подразбира, веќе е договорен, но она што всушност го продавам е интимност. Таа е клучен елемент за нашиот добробит и влијае на физичкото, менталното и емоционалното здравје. Со ова на ум, не е ни чудно што многу луѓе ги бранат сексуалните работнички.
Сексуалната работа е јавна служба, но не е општо прифатена во општеството. Додека преминуваме во нова ера на сексуалност и откривање на идентитетот, ставовите околу оваа работа можат да се променат во секунда.
Ако се прашувате дали оваа работа е за вас, тоа може да го знаете само вие. Никој не може да одлучи наместо вас“, завршува интимната исповед на оваа сексуална работничка.