Иско крева „побуна“ во Мадрид против Роналдо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид игра многу лошо во Примера оваа сезона, веќе заостанува 8 бода зад лидерот Барселона, а тоа придонесе за нарушување на атмосферата во клубот.

Најтешко поразот од Џирона го поднел претседателот Флорентино Перез, а најмногу му бил лут на тренерот Зидан, особено после изјавата дека „тимот имал лош ден“.

Исто така, шпанските медиуми пренесуваат дека напнато е и во соблекувалната на Реал. Наводно најголемо незадоволство има кај најдобриот играч на Реал од почетокот на сезоната, Иско. Тој е незадоволен што и покрај добрата форма во која се наоѓа, се уште нема загарантирано место во првиот тим, каде што во предност се Кристиано Роналдо и Карим Бензема, иако овој двоец е исклучително неефикасен сезонава.

Наводно, Иско незадоволството го пренел на оние кои најчесто се резерви, поттикнувајќи се да се побунат против Португалецот.

Роналдо лошо ја почна сезоната, а Иско и другите сметале дека е вистинско време за смена на генерациите бидејќи португалскиот ас има 32 години и според нив тој повеќе не смее да биде недопирлив. На „бунтовниците“ не им се допаѓа и тоа што Герет Бејл не бил продаден во летниот преоден рок.

Прашање е како претседателот и тренерот ќе ги смират зовриените страсти во соблекувалната. Според медиумите, евентуална победа против Тотенхем во Лондон малку би ја вратила позитивната атмосфера не само кај играчите туку кај сите во клубот.