Искешира 41.000 долари за фотки кои ја покажуваат „нежната“ страна на Хитлер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фотографии на Адолф Хитлер направени во од страна на неговата љубовница се продадени на аукција за 41.000 долари.

Неименуваниот купувач ги објави фотките кои ја покажуваат другата страна на карактерот од мрачниот германски нацистички водач, човекот чие име е синоним за зло.

На една од нив Хитлер седи на фотелја на вернадата во својата вила на југот од Германија и чита некои документи. На друга позира со деца и има насмевка на лицето.

Фотографиите се направени во 1945 година. Фотографот видел како руски војник од спалната соба на Ева Браун изнесува снимки кратко откако Хитлер и Ева извршија самоубиство, така што автентичноста на фотографиите не е под знак прашалник.

Хитлер и Ева се венчаа на 29 април, 1945 година, а следниот ден извршија самоубиство. Таа беше фотографка и асистентка на приватниот фотограф на Хитлер неколку години пред смртта.