Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двојната олимписка шампионка Елена Исинбајева, заедно со многу други руски атлетичари, упатија писмо до рускиот претседател Владимир Путин со барање за негова интервенција и заложба во спорот помеѓу Светска атлетика и Риската атлетска федерација.
Руската атлетска федерација беше казнета со 9 милиони евра поради тоа што ги заташкала допинг контролите на Данил Лисенко, кој се натпреварува во скок во височина.
Половина од оваа сума треба да се плати до 1. јули но се уште нема никаков абер за подмирување на долгот, па многу руски атлетичари, помеѓу кои и двојната олимписка шампионка Елена Исинбајева, решија да му пишат на претседателот Владимир Путин и да побараат негова интервенција во спорот.
Тие алармираат колку е сериозна ситуацијата и предупредуваат дека, „Руската атлетика е на работ на катастрофа“.
Доколку не биде платена казната, руските атлетичари кои се чисти нема да добијат дозовла за настап.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија за сите големи спортски натпреварувања во наредните четири години. На спортистите кои ќе докажат дека не користеле допинг и ги поминале сите ригорозни тестови им се дозволува настап но под неутрално знаме.
Елена Исинбајева исто така испрати отворено писмо и до првиот човек на Интернационалниот олимписко комитет (ИОК) и првиот човек на Светска атлетика (СА) и ги замолува да ја преиспитаат заканата за забрана за настап бидејќи тоа ќе биде „грубо прекршување на спортските принципи и правата на чистите атлетичари“