Исчезнатиот Горан Атанасовски пронајден мртов кај Нерези


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера попладнето, во провалија покрај патот за Нерези на Водно, било пронајдено безживотното тело на завчера исчезнатиот 35-годишен скопајнец Горан Атанасовски.

Покрај патот бил пронајден автомобил „фолксваген поло“. Не се знае дали во возилото тој бил сам. Телото е предадено на обдукција по што ќе се знае дали се работи за несреќен случај или за убиство.

Од вчера на социјалните мрежи се споделуваше апелот на неговото семејство дека Горан Атанасовски од Скопје има 35 години и дека исчезнал вчера помеѓу 14 и 15 часот на локација кај трговскиот центар „Беверли“. Од таму тој наводно заминал накај „Бриколаж“ со неговото сиво металик боја возило „фолксваген поло“.