Исчезнаа две тинејџерки од Пробиштип


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пробиштипјанец во текот на вчерашниот ден во локалната полициска станица пријавил дека неговите две ќерки два дена не се вратиле дома и дека не знае каде се.

Според информациите на МВР, вчера околу 19:45 часот во Полициската станица Пробиштип М.Т.(55) пријавил дека во саботата, 14 јули, неговите две ќерки, Н.Т.(19) и другата ќерка на возраст од 16 години, излегле од дома и не се вратиле.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.