Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ЖРК Вардар објави дека од четвртокот нов тренер на тимот е Ирина Дибирова, порано Полторацкаја, која функцијата го наследи Давид Дејвис Камара.
Ирина Дибирова Полторацкаја (37) е поранешна ракометарка, во кариерата има освоено три светски шампионска со Русија и две титули во Лигата на шампионите (Слагелсе и Звезда). Помошник на Дибирова ќе биде Аце Станковски, кој им беше асистент и на нејзините претходници Кастратовиќ и Дејвис.
Полторацкаја, инаку е сопруга на ѕвездата на машкиот тим на Вардар, Тимур Дибиров.
Таа со ЖРК Вардар работи веќе неколку денови, а на клупата ќе дебитира в сабота на натпреварот со Турингер во Скопје.