Иран тврди: Лидерот на Исламската држава, Багдади, дефинитивно е мртов


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерот на Исламска држава(ИД), Абу Бакр ал Багдади, е дефинитивно мртов, објави иранската државна новинска агенција на Иран.

Агенцијата информацијата ја објави цитирајќи го претставникот на врховниот водач на Иран во Револуционерната гарда на ајатолахот Али Хаменеи, Али Ширази.

„Терористот Багдади е дефинитивно мртов“, рече Ширази во четвртокот, без да открива дополнителни детали.

Иранска телевизија објави синоќа инсерти со кои се потврдува смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.

На сајтот на Иранската телевизија ИРИБ се посочени две снимки од телото на Багдади и две кога бил жив.

На 17 јуни Русија соопшти дека при напад од воздух во Сирија бил убиен лидерот на ИД и 300 борци.