Иран: Поседуваме докази дека САД ги помагаат ИСИС


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Заменик началникот на генералштабот на Иранските вооружени сили Изиди Мустафа изјави дека Иран поседува докази дека САД директно ги поддржуваат терористите од Исламската држава.

Како што претходно изјави врховниот лидер на Исламската револуција ајатолахот Хомнеј, имаме документи и информации кои докажуваат директна поддршка на американскиот империјализам на ова ужасно движење (ИСИС) во регионот, кое ги уништи муслиманските земји и донесе масакри и конфликти, рече Изади, а пренесе иранската агенција Фарс.

Претходно, претседателот на Собранието на Иран, Али Лариџани, ги осуди двата терористички напади кои се случија во Техеран, и изјави дека Америка стои позади сите терористички напади, како и дека САД се најголемата терористичка група.