Иран ги развеа црвените знамиња на одмаздата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Десетици илјади Иранци облечени во црно масовно се собраа денес во градот Ахваз за да го пречекаат и да му оддадат почит на телото на иранскиот воен командант Касем Солејмани, кој во петокот беше убиен во бомбашки напад на багдадскиот аеродром од страна на американско беспилотно летало.

Телото на Солејмани беше префрлено од Ирак во градот Ахваз на југозападот на Иран, во близина на границата со Ирак.

Иранската агенција ИРИБ објави снимка од изнесувањето на ковчегот прекриен со иранското знаме од авионот со музика од воен оркестар.

За првпат во историјата се закачени црвени знамиња кои симболизираат „неправедно пролиена крв“ и повикуваат на одмазда.

Сулејмани, архитектот на воените и тајните мисии на Техеран во странство и командант на единиците Кудс на Револуционерната гарда, беше убиен во петокот во американски напад со беспилотно летало, во близина на багдадскиот аеродром.

Многу Иранци се собираат од петокот за да изразат жалење поради смртта на генералот кој беше сметан за вотр најмоќен човек во државата, по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, но многумина се загрижени дека неговата смрт би можела да ја одведе државата во војна со суперсилата.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „многу жестоко“ ќе нападне 52 ирански цели ако Техеран се одлучи на напад на американски мети.