Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ирачкото правосудство издаде налог за апсење на американски претседател во заминување, Доналд Трамп, поради вмешаност во атентатот на иранскиот генерал Касам Сулејмани и заменик-командантот на шиитските сили Абу Махди ал-Мухандис, пренесува 360 Степени.
Иран, пак, уште во јуни минатата година издаде црвена потерница преку Интерпол за апсење на американскиот претседател Доналд Трамп и за уште повеќе од 30 лица поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари минатата година.
Истражниот суд во Багдад посочи дека потерницата за апсење на досегашниот американски претседател Трамп е издадена врз основа на членот 406 од ирачкиот Кривичен законик, пренесува „Индепендент“.
Генералот Касам Сулејмани беше убиен на 3 јануари минатата година во воздушен напад со беспилотно летало организиран од САД во ирачката престолнина Багдад.
Ирачките власти започнаа истрага по атентатот. Убиството предизвика реакција од Иран, кој потоа изврши ракетен напад врз американската база во Ирак, во кој беа повредени голем број американски војници.