Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
WET централите се најновиот технолошки и прогресивен хит во светот, како алтернатива на депониите. Овие централи го согоруваат отпадот во контролирана срединиа, а топлината произведена од тоа ја користат за напојување на турбина која создава електрицитет.
Сега, владата на Дубаи најавила дека планира да ја изгради најголемата WET централа досега во светот.
Иако ваквите централи емитираат значителна количина на CO2, тие загадуваат значително помалку отколку депониите каде отпадот бавно се распаѓа и ослободува метан, гас кој е многу помоќен од јаглеродниот диоксид.
Централата во Дубаи ќе биде изградена на плац од 2 хектари и се очекува да процесира до 2 милиони тони цврст отпад годишно, што е околу 60% од целиот отпад кој се создава во градот. Тоа ќе овозможи на населението да користи дополнителни 185MW електрицитет секој ден, доволен за напојување на 120 000 домови.
Таа ќе биде изградена како соработка помеѓу општината Дубаи, Управата за вода и електрична енергија на Дубаи, швајцарската компанија Hitachi Zosen Inova, и белгиската градежна компанија Besix Group, ќе чини околу 680 милиони долари, и треба да биде целосно оперативна до 2020-та година.