Инвестиција тешка 1,15 милијарди евра: Пуштен во употреба тунелот Евроазија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го отвори првиот тунел за автомобили под Босфорот во истанбул, последниот прокет во склоп на неговиот план за трансформација на турската инфраструктура.

На свеченоста присуствуваше турскиот државен врв. Ердоган рече дека одлуката да не се одлага церемонијата поради атентатот на рускиот амбасадор за отворање на тунелот е одговор за теророт.

Колку сакате изложувајте не на терор, донесете колу сакате злосторници, никогаш нема да можете да ја поделите оваа нација, порача Ердоган.

Во 2013 година Турција го отвори железничкиот тунел Мармарис под Бсфорот, првата подводна врска меѓу Европа и Азија. Денеска беше отворен двокатниот тунел Евроазија, првиот тунел наменет за автомобилски сообраќај, а целта му е да го намали сообраќајниот метеж во 180милионскиот Истанбул. Се очекува тунелот кој е изграден на длабочина од 106 метри да го скрати возењето на тој правез од два часа на 15 минути.

Тунелот е со должина од 5,4 километри инвестирани се 1,15 милијарди евра. Се очекува 120 илјади превозни средства на ден да го користат тунелот.