Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога пред 8 години, по една веселба, Челси седнала во автомобил со другарите кои биле во алкохолизирана состојба, за тоа платила голема и превисока цена. Доживеала стравична сообраќајна несреќа поради која завршила во инвалидска количка.
Иако на почетокот била убедена дека животот повеќе нема смисла за неа и дека никогаш повеќе нема да танцува, решила да не се откаже. Со помош на неколку пријатели кореографи и поддршката од семејството Челси продолжила да танцува и во инвалидска количка.
„Танц е танц, без оглед дали си во количка или дали ги користиш нозете. На двата начини можеш со движењата да изразиш емоции, а тоа е најважното“, истакнува таа.
Наспроти ужасната повреда и инвалидитетот, Челси не се откажала од соништата и доста успешно се занимава со танцот, а соработува и со светски познати кореографи.
Во една прилика гостувала и во една од најпознатите американски емисии чија водителка е популарната Елен Деџенерис.
Челси има на ум бројни танцови проекти и цели и во тоа ништо нема да ја сопре. За волјата и упорноста сите би можеле многу да научиме од Челси.