Инцидент во Волино: Неколку лица уапсени на фудбалски натпревар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку лица се уапсени за време на фудбалски натпревар во третата лига во село Волино, општина Дебарца. За тоа како настанал инцидентот постојат две верзии според локалните медиуми, јавува ТВ Телма.

Според едната верзија причина за инцидентот била затоа што на трибините неколу лица го истакнале старото македонско знаме од Кутлеш и полицијата интервенирала по што било повикано и засилување.

Според другата, инцидентот бил предизвикан од незадоволни навивачи и фудбалери на домашниот тим од судиска одлука, по што го нападнале судијата а во полициската интервенција биле приведени неколку лица.

Жителите од селото поставиле блокади во обид да не дозволат своите сограѓани да бидат приведени во полициската станица во Охрид. Со полициското комбе според локалните медиуми заминал и градоначалникот Зоран Ногачески, но не е јасно дали е уапсен или самоволно отишол со нив во полициската станица во Охрид. Откако полицијата ги успеала да ги извади приведените од селото Незадоволни граѓани потоа се упатиле кон СВР Охрид поради што превентивно е подигната безбедноста и блокирани се пристапите до полициската станица.

Според СВР Охрид не станува збор за сериозен инцидент а засилените безбедносни мерки околу полициската станица се стандардна процедура при вакви настани.