Инцидент во Мелбурн, Цонга дивееше: Донесете ми го да го скршам!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга денес го заврши својот настап на Австралија Опен откако во третото коло беше поразен од Ник Киргиос (3:1)

Мечот го одбележаа неколку инциденти. Цонга ужасно го изнервира еден навивач од трибините, па му се обрати на судијата.

„Само нека слези долу, донесете ми го овде да го скршам. Цело време нешто ми дофрла“, нервозно викаше Цонга.

Откако судијата го опомена, Цонга го продолжи мечот, но Французинот потоа истакна дека тој момент го извадил од такт и не можел да игра.